Кличко: Ситуацијата во Киев е тешка, но под контрола

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во Киев е тешка, но под контрола, изјави денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Loading...

Кличко изјави дека во текот на ноќта нема жртви и дека експлозиите кои се слушнале во текот на ноќта ги предизвикала украинската воздушна одбрана која, како што тврди, соборила руски ракети, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека системот за греење, кој беше оштетен во руското гранатирање во средата, ќе се санира во текот на денот.

Во текот на ноќта и утрото во Киев и во други украински градови се слушнаа силни експлозии.

Најмалку четири силни експлозии околу три часот по локално време го осветлија небото над Киев, што може да се види на видеото на еден од жителите на главниот град на Украина.

Руските сили денеска го погодија радио-телевизискиот центар во Киев, јавува агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.