Кличко шокираше со изјава за крајот на војната во Украина: „Не е фер, но можеби е единственото решение“

Сподели со своите пријатели

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, изјави за Би-Би-Си дека Украина можеби ќе мора да се откаже од дел од својата територија како дел од мировниот договор со Русија, во време кога расте притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп да прифати територијални отстапки.

Loading...

„Едно од сценаријата е откажување од територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение“, рече тој.

Сепак, 53-годишниот поранешен боксер, кој сега е политичар, нагласи дека украинскиот народ „никогаш нема да прифати окупација“ од страна на Русија.

Тој ги даде коментарите неколку часа по рускиот ракетен и беспилотен напад врз Киев во кој загинаа 12 лица, а беа ранети повеќе од 80 – еден од најсмртоносните напади врз украинскиот главен град во последните месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите повторно ја нападнаа Украина преку ноќ. Има мртви и повредени!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, започна целосна инвазија на Украина во 2022 година, а Москва моментално контролира околу 20% од украинската територија.

Во разговор за BBC Radio 4 од својата канцеларија во центарот на Киев, Кличко рече дека е „одговорен за главниот град на Украина“, опишувајќи го како „срце“ на земјата разурната од војна.

Тој додаде дека претседателот Володимир Зеленски би можел да биде принуден да донесе „болно решение“ за да постигне мир.

Градоначалникот на Киев сега е еден од највисоко рангираните украински политичари кој јавно посочи на можноста земјата да отстапи дел од својата територија, барем привремено.

Loading...

На прашањето дали Зеленски разговарал со него за деталите за евентуално спогодување, Кличко отворено рече: „Не“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Мировниот договор за Украина сè уште треба да се финализира

„Претседателот Зеленски го прави тоа самиот. Тоа не е моја функција“, додаде тој.

Кличко и Зеленски се политички противници. Градоначалникот постојано ги обвинува претседателот и неговиот тим дека се обидуваат да го поткопаат неговиот авторитет.