Кличко: Русија му се заканува на целиот цивилизиран свет

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска преку видео врска разговараше со повеќе градоначалници на европски градови.

„Денес му ја кажуваме вистината на светот за варварството и дивјаштвото што Русија ги прави уништувајќи ги Украина и Украинците. Им истакнав на нашите европски партнери дека не се бориме само за нашите градови и нашата земја. Ние се бориме за вредностите и принципите што Русија ги гази“, рече Кличко.

 

Пожари избувнаа во близина на Чернобил, се стравува од зголемена радијација

 

„Апетитите и плановите на Путин не се ограничени само на нашата земја, тој сака да се прошири и во другите европски земји. Европејците мора да го разберат тоа. Затоа денес зборуваме за потребата од зголемување на економскиот и политичкиот притисок врз Русија. Зборуваме за помош Украина – хуманитарна, воена и политичка. Можеме да го запреме агресорот само со заеднички, храбри напори на меѓународната заедница. Затоа што Русија му се заканува на целиот цивилизиран свет“, изјави градоначалникот на Киев.