Кличко прогласи вонредна ситуација во Киев

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, од полноќ по локално време прогласи вонредна состојба во главниот град на Украина, велејќи дека е формиран „оперативен штаб за координирање на акциите на извршната власт, воената команда и агенциите за спроведување на законот“.

Loading...

Во Киев се слушаат сирени за воздушен напад, како и експлозии на периферијата на градот, додека населението во колони го напушта главниот град на Украина.

Руската армија продолжува да дејствува на воената инфраструктура во источниот и централниот дел на Украина.