Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ѝ се обрати на јавноста по руското ракетирање на трговскиот центар, во кое загинаа осум лица.
Loading...
– Пријатели, драги граѓани на Киев. Непријателот продолжува да го напаѓа главниот град. Ноќе, спасувачите подолго време гаснеа пожар во квартот Подил, каде како последица на нападот изгоре трговски центар. Оштетени се 6 станбени објекти. Осум лица загинаа, три се во критична состојба. Оштетени се и простории на две училишта и две градинки – рече Кличко.