Клекнал да ја запроси, но наместо прстен добила нешто сосема неочекувано (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Стоматологот од Монтана, Џоел Бут, на необичен начин ја запросил својата девојка Кеди Лајтимер. Тој клекнал пред неа, ја прашал дали сака да се омажи за него, а наместо да и го извади свршеничкиот прстен, и подарил кученце златен ретривер.

Loading...

 

 

Кејди мислела дека нејзиното момче ја донело во Националниот парк Монтана за да направат неколку заеднички фотографии. Немала поим дека нејзиното момче ќе ја запроси со куче во раце.

Прво го чувал кучето со јака на која пишувало „Кади“. Мислев дека кучето го  именувал по мене и ќе ми го подари. Дури тогаш клекна и ме праша: „Ќе се омажиш ли за мене“ – рекла воодушевената девојка.

Очекувала дека прекрасното зајдисонце ќе биде само одлична позадина за нивните заеднички фотографии. Сепак, тој ден се претворил во еден од нејзините најсреќни моменти во животот.

 

Loading...

 

– Кеди е посебна  за мене и сакав да направам нешто посебно и оригинално што ќе се памети цел живот – изјави Џоел.

Знаев дека летово ќе ја запросам. Кога дознав дека ќе добијам куче, сфатив дека е вистинско време да го направам тоа – додал стоматологот.

 

 

Судејќи по нивните среќни фотографии на социјалните мрежи, очигледно е дека Кеди се согласила да се омажи за својот сакан.

Loading...