КК Пинк Пантери ја продолжуваат соработката со Барселона (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери од Куманово изминатиот викенд по втор пат беа гости на европскиот великан Барселона во Шпанија.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”421″]

 

Како и минатата година и оваа средината на месец септември беше резервирана за гостувањето во Шпанија и продолжување на успешно започнатата соработка со овој познат светски клуб.

Таму Пинк Пантери заминаа со селекција на кошаркари родени 2001-2002 година, а се натпреваруваа со ченовите на Барселона родени 2003 година.

За три дена беа одиграни три квалитетни натпревари против екипите на домаќинот Барселона која во своите редови има играчи селектриани од цела Европа. Екипата на Хвентуд која ја има една од најдобрите кошаркарски школи во Европа и е поранешен европски првак, како и екипата на манерса која во своите едови има создадено неколку репрезентативци на Шпанија и е во самиот врв на шпанската кошарка.

На сите три натпревари, според директорот на клубот Бојан Златковски, кумановските кошаркари прикажаа одлична игра и на достоинствен начин ја перзентираа македонската кошарка надвор од својата држава.

Крајниот резултат бе беше во прв план, а најважно од се беше тоа што децата имаа можност да се дружат и да играат меѓусебно ид а видат до каде се со својот кошаркарски напредок. Со претставниците од Барселона беше договорено соработката да продолжи и понатаму, а не е исклучена можност следната година екипата на Барселона да дојде во Македонија каде ќе учествува на традиционалниот Меѓународен кошаркарски турнир „Растеме заедно“ во организација на Кошаркарскиот клуб „Пинк Пантери“ – вели Бојан Златковски, директор на КК Пинк Пантери.

Инаку турнирот „Растеме заедно“ оваа година по шести пат ќе се одржи во Спортската сала во Куманово од 7-9 октомври, а на него покрај нашата екипа ќе учествуваат и екипие на Сплит од Хрватска, екипата на Борец од Чачак, Србија, како и екипата на Кос од Босна и Херцеговина.

Како што изјави Златковски за Кумановски Муабети, овој традиционален турнир прераснува во еден од поквалитетните и попознатите во земјите од регионот, со оглед дека изминатите неколку години на истиот учество земаа екипите на Партизан, Црвена Ѕвезда, Босна Сараево, Будуќност, Шибеник, Пивоварна Лашко, Левски и многу други.