КК Мусаши од Куманово освои 14 медали на турнирот „63 Ангели“ во Кочани (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Карате клуб Мусаши од Куманово забележа одличен настап на меѓународниот хуманитарен турнир „63 Ангели“, кој се одржа во Кочани, освојувајќи вкупно 14 медали со 19 натпреварувачи.

 

 

Младите каратисти уште еднаш покажаа борбеност, дисциплина и силен натпреварувачки дух, достојно претставувајќи го клубот и градот.

 

 

Од клубот изразуваат гордост за секој поединечен настап, истакнувајќи дека медалите се резултат на континуираниот труд и посветеност.

 

 

Златни медали освоија Теона Петковска во категоријата ката за 2015 годиште и Лазар Петкутински во ката за 2015 годиште.

 

 

Со сребро се закитија Мика Зафировска (ката 2017) и Клаудија Величковиќ (ката 2014).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ексхумација на уште една жена, психијатри го вештачат осомничениот убиец од Старо Нагоричане

 

 

Бронзени медали освоија ката тимот во 2014 годиште во состав Величковиќ, Петковска и Петровска, Лина Петровска (ката 2015), Мишел Цветковиќ (ката 2014), Самоил Марков (ката 2013), Филип Трајковски (ката 2014), Милица Стајиќ (ката 2012), Христијан Димитриевски (кумите кадети -70 кг) и Јован Манасијевски (2014/2013 кумите -48 кг).

 

 

Од КК Мусаши потенцираат дека покрај освоените одличја, најважни се карактерот, дисциплината и заедништвото кои ги градат кај своите членови.

„Продолжуваме посветено и со срце – чекор по чекор кон нови успеси“, порачуваат од клубот.

 

 

Меѓународниот карате турнир „63 Ангели“ во Кочани е хуманитарен настан со меѓународен карактер организиран во чест и спомен на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер на клуб од Скопје пријавил дека бил нападнат во Куманово

 

 

Средствата собрани од котизациите на учесниците се наменети за помош и лекување на повредените и поддршка на семејствата на загинатите.

 

 

Турнирот го организира Карате клуб Партизан со поддршка од Карате федерацијата на Македонија и други партнери и се одржува традиционално во спортска сала во Кочани.

 

 

На турнирот учествуваа над 379 каратисти од 32 карате клубови од Македонија и Србија.

 

 

 

 

Никола Ивановски