Дека кошаркарите на Куманово можат да му парираат на составот на Карпош Соколи се покажа и вечерва во третиот меч од Супер лигата на Македонија, каде иако поразени со 91:88, избраниците на тренерот Марјан Србиновски покажаа дека се вистински борци, но недостигаше поддршката од публиката. Видно помалубројната поддршка од трибините, онаа без која не може да се добие ниту еден меч, вечерва ја немаше, а ја нема ниту целата сезона.
Loading...
Мечот започна во целосна доминација на играчите на Карпош Соколи, кои дојдоа и до двоцифрена предност веќе во првата четвртина од средбата која заврши со резултат 28:18. Сепак незадоволството на тренерот Србиновски како да ги поттикна сино-белите па веќе во минутите што следеа покажаа дека можат да ја намалт разликата која. Третата четвртина заврши со минимална позитивна за гостите со резултат 66:62.
Последните десет минути се разбуди поддршката од трибините, а со тоа и играчите на Куманово кои поведоа со резултат 78:76. Како и обично во инфаркт завршница, кумановци израмнија на 78:78 и обезбедија дополнителни пет минути да впишат втора победа сезонава против составот на Соколи.
Loading...
Продолжетокот на мечот внесе надеж кај сите дека сино-белите ќе обезбедат победа, особено откако поведоа со пет поени пред гостинскиот состав. Но, надежта кратко траеше, концентрацијата на кумановци опадна, а противникот направи серија од 7-0 и повторно поведе. Но, драмата продолжи. Соколите поведоа, но тројката на Јанески повторно донесе израмнување и резултат 88:88. Гостите погодија тројка и се одлепија од кумановци со резултат 91:88 со колку испишаа трета победа по ред. Кумановци и покрај лавовската борба сепак, не обезбедија победа и моментално имаат скор од два порази и една победа против составот на Кожув.
Седум играчи, педесет минути. Колку можевме се боревме, штета, мислам дека пет разлика водевме минута и пол до крај, бар еден напад да реализиравме, да беше шест разлика ќе беше готово, но тоа е што е. Има уште седум или осум натпревари во Супер лигата, ќе се бориме колку можеме да влеземе во првите четири екипи и еден апел до цело Куманово, во среда ако можат во што поголем број да дојдат за да направиме на некој начин историски успех да влеземе во финалето на БИБЛ лигата, бидејќи мислам дека малце фали оваа публика да дојде во малку поголем број – изјави Димитар Караџовски.
Во среда, составот на Куманово на домашен терен ќе го пречека тимот на косовскиот Пеќ против кој ќе се бори за финале во Балканската лига. Се што треба да направат играчите на Србиновски е да обезбедат победа со пет поени разлика и Куманово да се бори за трофејот.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/1921844861371085/