Во рамките на Кошаркарскиот куп на Македонија во петок во рамки на четвртфиналето КК Куманово ќе се бори за понатамошен пласман со борба против Работнички.
Тренерот Страшко Тодоровиќ е горд на своите играчи и има високи очекувања од купот.
Куманово бележи само успеси, но за жал ќе се сретнеме со најтрофејниот клуб Работнички уште во четвртфиналето. Мислам дека ќе ги добиеме, но одиме чекор по чекор – истакна Тодоровиќ.