КК Куманово вечерва се бори за финале во БИБЛ, Берое прв финалист

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово пред историски важен меч. Вечерва во 19 часот на домашен терен избраниците на тренерот Марјан Србиновски го пречекуваат составот на Пеќ од Косово во рамките на вториот полуфинален меч од БИБЛ лигата.

Сино-белите ќе се борат за победа која треба да биде со над четири поени разлика и да се овозможи за прв пат Куманово да се бори во финале на Балканското првенство и првиот пехар во градот.

Бугарскиот клуб Берое е првиот финалист, откако вчеравечер со резултат 92:56 убедливо го победи Теодо од Црна Гора, што значи дека доколку кошаркарите на Куманово вечерва обезбедат победа, вториот финален меч ќе го играат на домашен терен што ќе значи огромна предност за освојување на пехарот и голема финансиска премија.

Управата и кошаркарите уште еднаш упатуваат апел вечерва сите кумановци да им ја пружат поддршката од трибините за што подобар резултат.

 

Loading...