Кошаркарите на Куманово вечерва против ТФТ го играат првиот меч во домашното првенство, откако натпреварувачката сезона неколкупати беше одложувана поради коронавирусот.
Loading...
ВО СРЦ „Кале“ кумановци вечерва ќе му гостуваат на ТФТ со почеток во 18 часот и ќе се борат за уште една победа, откако викендов на домашен терен го совладаа тимот во рамките на БИБЛ лигата.
Состојбата со избраниците на тренерот Владимир Мирковски е добра, освен малата повреда на Стеван Глигоријевиќ. Тимот е засилен со бугарскиот интернационалец Георги Бојков, србинот Јован Црниќ, како и Американецот Лавејн Грант.
Натпреварот ќе се одигра пред празни трибини, но ќе биде емитуван директно на програмата на МРТ1.
Никола Ивановски