Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 19 часот во рамките на шестото коло од домашното кошаркарско првенство гостуваат кај составот на Вардар, а сите љубители на кошарката истиот ќе можат да го следат преку директен преност на првиот канал на Македонската радио телевизија.
Ова е прв натпревар сезонава кој ќе се одигра без капитенот Александар Костоски, откако тој потпиша договор со романскиот клуб Питешти и го соблече „сино-белиот“ дрес. Неизвесно е дали и кој ќе го потполни празното место на клупата на Србиновски.
Инаку кумановци достоинствено ја бранат третата позиција во табелата од домашниот шампионат со осум бода со три победи и два порази, додека екипата на Вардар е последна со пет загубени меча.
Први и најдобри од почетокот на првенството се екипите на Фени Индустри и Работнички кои не бележат пораз.