Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен го пречекуваат составот н Блокотехна од Гевгелија во рамките на 9. коло од Суперлигата.
Натпреварот започнува во 19 часот во Спорската сала Куманово, а управата на клубот ги повикува сите љубители на кошарката да дадат поддршка за сино-белиот состав.
Претходно кумановци ги совладаа најголемите ривали, МЗТ Скопје Аеродром, но и го нанесе единствеинот пораз на Работнички кој во минатото коло се реваншираше и го победи составот на тренерот Александар Петровиќ. Сега останува прашањето дали Блокотехна ќе го преживее пеколот во кумановската сала и дали сино-белите ќе ја впишатјубилејната 20 победа.