Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 19 часот го играат приот полуфинален меч во рамките на БИБЛ лигата, а за противник го имаат составот на косовскиот клуб Пеќ.
Во четвртфиналните мечеви беа елиминирани три македонски клубови, Фени Индустри, Карпош Соколи и Кожув, со што КК Куманово остана единствениот македонски претставник во лигата.
Вториот меч избраниците на Србиновски ќе го одиграат на домашен терен на 29ти месецов, по што севкупниот резултат, вклучувајќи го и бројот на кошеви ќе одреди дали Куманово ќе ја продолжи битката и во финалето од Балканската лига.
Во меѓувреме за второто место во финалето ќе се борат црногорскиот Теодо и бугарскиот Берое.