Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 18 часот на гостински терен го играат петиот меч во домашното кошаркарско првенство против екипата на Фени Индустри во Кавадарци.
КК Куманово моментално се наоѓа на третата позиција на табелата со 7 бода, веднаш зад Работнички и Фени кои имаат по еден бод повеќе.
Веќе во вторник избраниците на Србиновски го пречекуваат составот на Сигал Приштина во рамките на БИБЛ лигата.