Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 19 часот во мраките на осмото коло од домашното кошаркарско првенство го пречекуваат составот на Работнички.
Дербито ќе биде последен натпревар за сино-белите оваа година, а воедно прв за новот засилување, американскиот плејмејкер Јонел Браун.
Работнички засега се наоѓа на самиот врв на табелата без ниту еден забележан пораз од почетокот на сезоната, додека Куманово бележи пет победи и два порази.