Кошаркарите на Куманово вечер со почеток во 19 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Кожув во рамките на БИБЛ лигата.
Ова е трет натпревар кој избраниците на Србиновски ќе го одиграат во рамките на Балканското првенство, откако во претходните две извојуваа победа над Теодо од Црна Гора и Башкими од Косово.
Засега нема најава за отпочнување на натпреварите во домашното кошаркарско првенство, откако прволигашите и челниците на Кошаркарската федерација наидоа на неусогласувања околу цената која клубовите треба да ја плаќаат за странските играчи.