Со почеток во 18 часот вечерва на домашен терен Кошаркарскиот клуб Куманово ќе ги пречека кошаркарите на КК Струмица на пријателски меч, а влезот за љубителите на кошарката ќе биде слободен.
Во недостиг на натпреварувања во екот на кошаркарска сезона, КК Куманово повеќе од 20 дена е оставен без натпревар, откако натпреварот против Сигал Приштина во БИБЛ Лигата беше поместен поради обврските на овој клуб. Од друга страна македонското првенство е одложено и не се знае кога и дали воопшто ќе започне, со оглед дека МКФ и прволигашките клубови имаат различни ставови по неколку прашања.
КК Куманово следниот меч во БИБЛ лигата го игра на 8ми ноември дома и тоа против екипата на Кожув.
Loading...