КК Куманово утре ќе ги одмери силите со КК Струмица

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 18 часот ќе го одиграат мечот против КК Струмица во рамките од 14то коло од домашното кошаркарско првенство.

Избраниците на Марјан Србиновски во натпреварот влегуваат како апсолутни фаворити за победа. Моментално се наоѓаат на третата позиција на табелата со 21 поен, веднаш зад Работнички и Фени Индустри, а со завршувањето на натпреварите од 14то коло започнува и супер лигата во која сино-белите имаат обезбедено пласман.

Со службената победа на мечот против Карпош Соколи, кумановци се во  исчекување на противникот за полуфиналниот меч во БИБЛ лигата. Силите во полуфиналето ќе ги одмерат со победникот од четвртфиналниот натпревар, Кожув – Пеќ кој ќе се одигра на осми месецов, по што ќе бидат направени и распроедите за полуфиналните и финалните натпревари.

 

Loading...