Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз годинава во рамките на БИБЛ лигата, откако на гостински терен вечерва беа совладани од составот на Кожув со резултат 89:71.
Иако Кожув нема шанси за пласман во понатамошната фаза од натпреварувањето во Балкансата лига, сепак не се предаваа и убедливо го совладаа составот на тренерот Србиновски.
По само првите десет минути од натпреварот домаќинот покажа солидна игра и направи поголема предност пред гостите од Куманово, односно резултат 22:13. На сино-белите не им одеше шутот за три поени, ниту пак играта под кошевите не беше на познатото кумановско ниво што кошаркарите на тренерот Игор Михајловски паметно го искористија. Веќе на полувреме се замина со двоцифрена предност на гевгеличани, односно 40:30.
Доминантната игра на домаќините продолжи и во вториот дел од средбата, кога и во двете последни четвртини кумановци уфрлија помалку од своите противници, односно направија 41 поен, наспроти 49те на кошаркарите на Кожув.
Најдобри во редовите на вицешампионот од Куманово беа Данило Мијатовиќ со 20 поени и Димитар Караџовски со 17 поени, а меѓу најдобрите стрелци со 11 поени се впиша и Радослав Пековиќ. Во составот на домаќините одлична игра со 22 поени покажа Миливоје Мијовиќ, а веднаш зад него со еден поен помалку е Кенон Мекнил.
Дали ваквата игра беше и тактика на Србиновски со цел да ги одмори своите кошаркари во пресрет на натпреварите кои следуваат, со оглед дека неговиот тим веќе има обезбедено пласман во понатамошната фаза од балканската лига останува да видиме веќе викендов кога повторно ќе гостуваат кај Кожув, но во рамките на домашниот шампионат.
КК Куманово ја обезбеди втората позиција во А групата од БИБЛ лигата со шест победи и три порази, имајќи го пред себе составот на Берое со исто толку поени, кој е следниот противник, против кој на 24ти месецов кумановци ќе се борат за победа на бугарски терен.
Loading...