КК Куманово со службен пораз, мечот против АВ Охрид нема да се игра

Сподели со своите пријатели

Откако во текот на вчерашнито ден кошаркарските клубови Куманово, Струмица, Кожув и Карпош Соколи не извршија исплата на долговите кон Македонската кошаркарска федерација, продолжува нивната суспензија во Првата лига.

Два од закажаните четири натпревари ќе се одиграат викендов. КК Куманово требаше да го пречека АВ Охрид, но натпреварот нема да се одигра, а Куманово го бележи првиот службен пораз. Тоа значи дека АВ Охрид има техничка гостинска победа, додека поразот за сино-белите значи дека нема да добијат поени во табелата, ниту оној еден кој следува од загубен натпревар.

КК Струмица и Кожув требаше да одиграат еден против друг, но мечот нема да се реализира, а нема ниту победник. Двата клуба имаат службени порази.

Доколку клубовите добијат уште по еден службен пораз тоа ќе значи нивно директно префрлување во третата кошаркарска лига на Македонија.

Челниците на КК Куманово велат дека немаат намера да го платат долгот кој произлегува од високата котизација која ја има наметнато новото раководство на МКФ на чело со Петар Наумовски, против кој се бореа прволигашите.

Суспензијата останува и за Карпош Соколи, но со оглед дека тие уште не се натпреваруваат во домашното првенство, туку во АБА и БИБЛ натпреварувањата кои се независни од МКФ, за нив санкциите се уште не се активни, па добиваат дополнителен рок парите да ги исплатат до завршиот турнир од Купот на Македонија.

 

Loading...