Со резултат 113 – 75, кошаркарите на Куманово претпеа пораз во мечот Со Пелистер кој вчера се одигра во Битола.
Домаќинот го отвори мечот, а за брзо време направи и двоцифрена предност над кумановци. Првите десет минути на паркетот, избраниците на тренерот Владимир Илиевски мака мачеа да го достигнат темпото на домаќинот кој одморен и без натпревари ги пречека во својата сала. Попуста беше желбата Куманово да се доближи до разликата, па првата четвртина заврши со 12 поени предност за Пелистер, односно резултат 32:20.
И во вторите десет минути кумановци беа надиграни од домаќинот, па на полувреме се замина со 55:38.
Второто полувреме не донесе никаква промена. Пелистер продолжи со силно темпо против сино-белите на Мирковски, па повторно успеа да ги надигра и во третата четвртина со 10 поени повеќе.
Последните десет минути веќе беше јасно дека овој натрепвар за Куманово е скоро загубен, иако се трудеа, Пелистер беше недостижен и мечот го заврши со „стотка“.
Кори Рејли-Рос беше најефикасен во составот на Куманвоо со 17 поени и четири скока, зад него со 14 поени и шест скока е Александар Андрејевиќ, а со двоцифрен број поени мечот заврши за Горнај Марковски и Дамјан Робев.
Во тимот на Пелистер со 26 поени и седум асистенции брилираше Бобан Стајиќ, додека Игор Кесар имаше 22 поени и седум скока.
Никола Ивановски