Кошаркарите на Куманово со пораз влегоа во домашното кошаркарско првенсто откако вечерва на гостински терен екипата на Работнички оствари убедлива победа со резултат 89:52.
Почетокот на натпреварот наговестуваше неизвесност до крајот и тесна борба помеѓу двата клуба кои се претенденти за влез во Супер лигата, за што зборува и резултат на крајот на првата четвртина 22:20, но набргу по повредата на Костоски се пвореди и целата игра на сино-белите, па за брзо време домаќините стигнаа до резултат 34:27, Мијатовиќ не поентираше, што беше искористено од Владо Илиевски за уфрлување на три поени во кошот на Куманово и со тоа дојде и до првото двоцифрено водство, 37:27.
Фактот дека освен што „кошот не ги сакаше сино-белите“, не им одеше и со топката која премногу ја губеа и промашуваа што екипата од Градски парк ја исокристи за предност од 12 пени на полувреме, односно резултат 43:31. Надежта не ја губеа кумановци, но по кратката пауза во вториот дел од мечот Работнички повторно зеде замав и стигна до резултат 52:36, односно преднсот од 16 поени, за да по два промашени напади, избраниците на Докузовски преку „поранешниот кумановец“ Мишановиќ достигнаа до резултат од 31:38 со ефикасна серија од 9:0.
Третата четвртина заврши со резултат 66:40, а гостите тонеа и во последниот дел од натпреварот кога со серија од 10:0 кошаркарите на Работнички направија резултат 76:40, за да до крајот го полнат кошот на избраниците на Србиновски па поведат и со разлика од неверојатни 40 поени, за да до финишот на натпреварот кумановци минимално го намалија водството на Работнички кој победи со 37 поени разлика.
