Кошаркарите на Куманово загубија од составот на Чаир со резултат 79:87 во првиот натпревар од оваа сезона во Првата машка кошаркарска лига.
Сосема израмнета прва четвртина од премиерниот дуел во Куманово. Двете екипи си поделија по 23.поени.
Но, добрата, и ефикасна игра, гостите од Скопје ја продолжија и во вториот период од гостувањето во Куманово. А во 16.минута, по поентирањето на Александровски, Чаир 2030 изгради и највисоки (40:28).
Сепак, во последните четири минути од првото полувреме, кумановци „симнаа“ добар дел од двоцифрената негатива. На полувреме имаа прифатлив минус од шест поени (38:44).
Одлично полувреме имаше Дарил Стротер кој реализираше 15.поени за гостинската екипа, во која Јусуф даде осум, а Александровски уште шест поени.
Во домашната, Јузбашиќ прв стигна до двоцифрен број на поени – даде десет.
Во продолжението, кумановци стигнаа до израмнување, по двете врзани тројки беше (44:44). Но жилавите гостински кошаркари го одбија тој напад. Брзо се одвоија на (59:52), а некоја минута подоцна, одново имаа двоцифрен плус. Сега од (65:54), во 27.минута, за до крајот на третиот период Куманово 2009 одново да ја направи негативата едноцифрена, (62:69).
фото: Никола Ивановски