Кошаркарскиот клуб Куманово сои победа го стартуваше своето учество во БИБЛ лигата, откако на домашен терен вчеравечер го совлада тимот на КК Теодо од Тиват, Црна Гора со резултат 78:75.
Loading...
[huge_it_gallery id=”428″]
Поголемиот дел од средбата во Спортската сала во Куманово беше турбулентен и неизвесен, но со одличната игра пред се на Данило Мијатовиќ, сино-белите извојуваа победа.
Со водство од 4-0 изабраниците на Марјан Србиновски стартуваа во БИБЛ лигата, но целата прв четвртина беше горе – долу неизвесна со оглед дека немаше поголема разлика од четири поени ниту кај гостите ниту кај домаќините, но сепак заврши со предност на Куманово од 20-18, по што следуваше мал пад во играта на домаќините, па црногорскиот тим поведе со 35-25 во втората четвртина од натпреварот, за да сепак со одлична и брза игра на кумановци полувремето заврши со 28-39.
Ништо поинакво не беше ниту во второто полувреме, односно третата четвртина заврши со позитива за сино-белите со 64-59, откако пред самиот крај на третата четвртина Мијатовиќ и Караџовски го полнеа гостинскиот кош, а благодарение на солидната игра на домаќините сепак семафорот на крајот остана со 78-75 за КК Куманово.
Во редовите на домаќинот со 31 поен и седум скокови брилираше Данило Мијатовиќ, а по 12 поени Караџовски и Пековиќ.