КК Куманово со Карпош Соколи ќе си ги одмери силите во домашниот Супер куп

Сподели со своите пријатели

Четирите најдобри екипи од минатата кошаркарска сезона, МЗТ Скопје Аеродром, Куманово, Карпош Соколи и Фенди индустри во четврток и петок, односно на 22 и 23 септември ќе се борат за титулата првак во домашниот кошаркарски Супер куп.

Натпреварувањата ќе се одржав во спртскиот комплекс Јане Сандански, односно во салата на МЗТ Скопје. Натпреварувањата се поделени во полуфинални термини од 18 и 20:30 часот силите ќе си ги одмеруваат МЗТ Скопје со Фени Индустри и Куманово со Карпош Соколи.

Победниците од овие мечеви ќе се најдат во самото финале и борба за титула во купот.

Инаку минатата година купот се одржа во Охрид, кога победници беа МЗТ Скопје, а остра реакција имаше од управата на КК Куманово поради тоа што се вршеше селекција на публиката која одеше на натпреварите, односно според лична карта кумановци мораа да останат пред врата, па дури и градоначалникот на Општина Куманово.

 

Loading...