КК Куманово се збогува со Супер купот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово вечерва во Спортсккиот центар „Јане Сандански“ го загуби полуфиналниот меч во рамките на Супер купот на Македонија откако екипата на Карпош Соколи ги надигра сино-белите и славеше со резултатот 82:72.

Изабраниците на Марјан Србиновски лавовски се бореа и покрај тоа што немаа многу време да тренираат заедно, ако се земе во предвид фактот дека екипата доцна беше формирана. Најдобар во ростерот на кумановци беше Данило Мијатовиќ со 21 поен, а веднаш зад него Костоски со 13, додека со по 9 поени на листата најдобри се впишаа Караџовски, Јаневски и новиот играч Стефан Живановиќ.

Претходно во првиот полуфинален натпревар победата ја однесе МЗТ Скопје Аеродром совладувајќи ја екипата на Фени Индустри, со што утревечер ќе се игра финалниот измеѓу МЗТ и Карпош Соколи.

 

Loading...