Кошаркарскиот клуб Куманово се засили со двајца нови кошаркари во пресрет на новата сезона која започнува кон крајот на месецов.
Станува збор за српскиот интернационалец Филип Думиќ и македонскиот младинец Методија Бешлиовски.
Думиќ е роден во 1990 година и во клубот ќе донесе засилување на плејмејкерската позиција. Досега има настапувано за повеќе тимови од Србија, Константин Ниш, Борац Чачак, Јединство, Вршац, Младост и тимот на Темишвар од Романија.
Бешлиовски пак потекнува од школата на Вардар. Кошаркар роден 1996 година, а висок 201 сантиметри. Игра на позицијата крилен центар, а во својата досегашна кариера има настапувано за Фени Индустри и Карпош Соколи.
Голем број млади играчи моментално има во составот на Куманово и нивната селекција се одвива полека, по селектирањето на тренинзите на кои деновиве активно се работи. по што ќе се формира и официјалниот ростер.