КК Куманово рутински го совлада Пелистер

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска попладне го совладаа составот на Пелистер во рамките на 11то коло од Првата машка кошаркарска лига на македонија со резултат 81:64.

Сино-белите во мечот влегоа како фаворити, а својата улога ја оправдаа уште од стартот на натпреварот. Освен израмнувањето од 4:4 на почетокот од средбата останатиот дел помина во предност за кумановци. Првата четвртина направија солидна предност со резултат 24:15, а рутински го одиграа и целото прво полувреме кое заврши со резултат 38:30 во корист на избраниците на Србиновски.

Ништо ново и по кратката пауза. Добриот ритам на кумановци продолжи и во третиот дел од средбата која заврши со резултат 58:42, за да во последниот дел кошаркарите на Куманово целосно издоминираа и впишаа нова победа против составот на Пелистер.

Најдобар со дабл-дабл ефект од 20 поени и 10 скокови беше Данило Мијатовиќ, исто толку поени реализираше и Димитар Караџовски, а со двоцифрен број поени заврши мечот и за капитенот Марјан Јанески кој реализираше 13 поени. Во составот на домаќините пак со 15 поени најефикасен беше Никола Талевски.

Ова е седма победа за составот на Марјан Србиновски во рамките на домашнот шампионат, а мечот следува по службениот пораз од минатиот викенд, поради суспензијата која Македонската кошаркарска репрезентација ја додели на КК Куманово поради неисплатени долгови. Но, откако недоразбирањата беа надминати натпреварувањата продолжија.

Следниот натпревар во рамките на домашното првенство кумановци го играат на домашен терен следниот викенд против составот на Фени Индустри, додека во рамките на БИБЛ лигата во среда гостуваат кај Пеќ на Косово.

 

Loading...