Кошаркарскиот клуб Куманово во сабота ја започнува натпреварувачката сезона кога на домашен терен ќе го пречека составот на Пелистер од Битола.
Loading...
Претходно КК Куманово требаше да стартува против екипата на МЗТ, но откако Охрид се откажа од учеството во Првата лига, останаа 10 екипи и следуваше нова ждрепка во просториите на Кошаркарската федерација со која Куманово го доби редниот број шест, а за прв противник битолскиот состав.
И оваа година тимот ќе го предводи Александар Петровиќ, а целта е да се повтори макар минатогодишниот успех и да се влезе меѓу најдобрите во сениорската конкуренција.
Натпреварот со Пелистер ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 18:30 часот.