КК Куманово против Пеќ ќе се бори за финале во БИБЛ лигата

Сподели со своите пријатели

По завршувањето на четвртфиналните натпревари во БИБЛ лигата, вчера официјално беа објавени и термините за полуфинлните мечеви.

Од четири македонски клубови кои се натпреваруваа во Балканската лига, КК Куманово е единствениот претставник кој обезбеди плуфинален пласман, откако Пеќ го елиминираше Кожув, направен е и распоредот. Токму косовскиот клуб Пеќ ќе биде противник против кој кумановци ќе се борат за пласман во финале.

Ќе се играат два натпревари, еден на гости и еден на домашен терен и севкупниот резултат (кош-разлика) ќе одреди кој ќе биде финалист.

Веќе на 22 месецот екипата на Куманово гостува кај Пеќ на Косово, а реваншот на домашен терен избраниците на тренерот Марјан Србиновски ќе го одиграат на 29 март. Другите две екипи кои ќе се борат за пласман во финалето се црногорскиот Теодо и Берое од Бугарија.

 

Loading...