КК Куманово преку Кожув до трета победа во БИБЛ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вчеравечер на домашен терен ја остварија третата по ред победа во рамките на БИБЛ лигата, откаок со резултат 84:76 го совладаа составот на Кожув од Гевгелија.

Натпреварот започна со водство на гостинскиот состав, но набргу следеа големи варијации во резултатот. Иако првата четвртина заврши со резултат 17:22 за составот на Врбица Стефанов.

 

Loading...

dsc_0013

 

Нешто подобра игра избраниците на Марјан Србиновски покажаа во втората четвртина, кога со напорна игра резултатската предност на Кожув ја намалија на еден поен и на полувреме се замина со резултат 40:41.

 

dsc_0016

 

Второто полувреме донесе малку повеќе неизвесност и напнатост. Третата четвртина двата тима имаа постигнато по 25 поени, но повторно гостинскиот состав имаше предност од еден поен, односно резултатот бепе 65:66.

 

dsc_0018

Loading...

 

Со помош на овациите на публиката и силното бодрење од трибините, кумановци во четвртата четвртина дадоа се од себе, па со одлична игра во последните две минути постигнаа пет поени, за да подоцна двата тима останат без поени од линијата за слободни фрлања, а Кожув не успеа да реализира погодок, резултатот на семафорот означи победа за сино-белите со резултат 84:76.

 

dsc_0019

 

Најдобри во составот на домаќините беа Мијатовиќ со 20 поени, а веднаш зад него со 19 е Стефан Живановиќ. Во големата петорка со двоцифрени поени се најдоа и имињата на Миладин Пековиќ со 14 и Костоски и Јанески со по 12 поени.

Лошо го отворивме натрепварот, не можевме да го скршиме ледот, се разиграа, меѓутоа главни играчи пред се Ѓурасовиќ и Американецот со број седум погодија доста шутеви, тешко браневме, но тоа беше напотребно, бевме прави, се изнамачивме за оваа победа морам да признам и искрено очекував такво нешто, но победа си е победа и сега останува да се спремаме полека за Берое – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.

За нас ова беше тежок натпревар со самото тоа што чекавме две-три недели на натпревар, изгубивме ритам, сигурно го испочитувавме она што од нас тренерот го бараше пред натпреварот. Во второто полувреме ги поправивме недостатоците во првото полувреме што ги направивме во одбраната, малку се разбудивме кога се подигна и публиката и се беше полесно. Не очекува следен меч против Берое, тие исто така имаат доста странски играчи, добра се екипа, мора да се потрудиме да одиграме подобро во одбрана, нападот ќе дојде сам, ние сме напаѓачка екипа и со публиката сигурно ќе го постигнеме посакуваниот резултат. Битна е победата, но треба да извлечеме поука од овој натпревар, првото полувреме не беше добро, на крајот два поени, но ќе се потрудиме да бидеме подобри на следниот меч – вели Миладин Пековиќ, кошаркар на КК Куманово.

dsc_0021

 

Со 20 поени најдобар во гостинскиот состав беше Миливоје Мијовиќ, а веднаш зад него се Никола Ѓурашовиќ и Кенон МекНил со по 18 поени.

Мислам дека добро се подготвивме, го отворивме овој натпревар уште подобро, продолживме во добар ритам, но во еден момент дозволивме два шута за тројка во транзиција кога малку паднавме, во почетокот на третата четвртина дозволивме повторно малку да не престигнат во резултатска смисла, се вративме до крајот на третата четвртина, но физички беа посилни и подобри од нас, на крајот не можевме да издрживме, ги губевме топките и на крајот резултатот ги отсликува загубените топки – вели Миливоје Мијовиќ, кошаркар на Кожув.

Сакам да ги пофалам моите играчи за  борбената игра што ја покажаа на овој натпревар. Њакам да кажам дека екипата на Куманово е поквалитетна, мислам дека нијанси поголема ротација на македонски играчи во ростерот на Куманово. Презадоволен од нашите резултати, ситни детали одлучија за овој резултат. Ние да победевме ќе беше сосем коректно, но не можам да кажам дека незаслужено победија кошаркарите на Куманово – изјави Врбица Стефанов, тренер на КК Кожув.

 

dsc_0026

Loading...

 

Во групата А од Балканското првенство засега Куманово се наоѓа на втората позиција со три победи и шест поени, исто колку и бугарскиот Берое кој се наоѓа на првата позиција.

Двата први тима од табелата своите сили ќе ги одмерат веќе во вторник кога Куманово ќе ги пречека кошаркарите на Берое.

dsc_0028 dsc_0031 dsc_0032 dsc_0037 dsc_0042 dsc_0050 dsc_0051 dsc_0054 dsc_0063 dsc_0071 dsc_0073 dsc_0075 dsc_0077 dsc_0105 dsc_0106