КК Куманово поразен во продолжетокот на мечот со Фени Индустри (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на гостински терен го загубија мечот против составот на Фени Индустри во рамките на Супер лигата на Македонија, откако по продолжетокот на натпреварот семофарот означи 101:98.

 

Loading...

 

Првата четвртина започна со водство на гостите од Куманово кои одржуваа константна предност пред домаќините од Кавадарци, па на крајот на првите 10 минути резултатот беше 22:18 за сино-белите. Мал пад во играта имаа во втората четвртина, меѓутоа доволно за да на полувреме заминат со минимално водство од само 1 поен.

 

 

Извонредна игра во која дојдоа до позитива од 12 поени прикажаа кумановци по почетокот на второто полувреме. Но, во последните 10 минути ги стигна заморот. Слабиот ростер на Србиновски доживеа пад на концентрацијата, момент кој кошаркарите на Фени Индустри го искористија лесно да ја стопат разликата, за да на средината на последниот дел од средбата имаат негатива од три поени со резултат 72:69.

 

Loading...

 

Со тројката на Јонел Браун сино-белите се понадеваа дека ќе им се врати ритамот, но сепак на 22 секунди пред крајот домаќинот израмни на 81:81. Тогаш подоги Јанески за Куманово, па Чешковиќ за Фени и повторно израмнување од 83:83 на крајот на мечот, откако Стефан Живановиќ не успеа да реализира погодок кој ќе донесеше победа за гостинскиот состав.

 

 

Но, во продолжението од пет минути капитенот на Фени Индустри го полнеше гостинскиот кош, а на страна на домаќинот беше и судската одлука кога семафорот продолжи да одбројува и кога не требаше, па сино-белите немаа можност да реализираат нов шут. Тогаш бурна реакција имаше Марјан Србиновски кој влезе во вербален конфликт со судиите кои ја скратија можноста неговиот тим да се обиде да го подобри скорот.

 

 

Loading...

Брилијантен во составот на Куманово беше репрезентативецот Димитар Караџовски кој запиша 27 поени, како и американскиот плејмејкер Јонел Браун кој мечот го заврши со 23, Никола Караколев и Миладин Пековиќ впишаа по 12, а двоцифрена бројката беше и за капитенот Марјан Јанески кој впиша 10 поени.

 

Во составот на домаќинот со дабл-дабл од 27 поени и 11 скока најдобар беше Пантиќ, а веднаш зад него и капитенот Николовски.

 

Следниот меч кошаркарите на Куманово го играат веќе во среда на гостински терен против составот на МЗТ, а на 11ти ги очекува и првиот натпревар во БИБЛ лигата кога во Бугарија ќе се борат за шампионската титула.