КК Куманово поразен од МЗТ на домашен терен (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово впишаа нов пораз во натпреварувањата од домашниот шампионат, откако на домашен терен вечерва беа совладани од составот на шампионот МЗТ Скопје аеродром со резултат 90:106.

 

Loading...

 

Балансирана игра прикажаа домаќините и гостите во првата и втората четвртина од средбата, но сепак позитивата на полувремето беше во корист на составот на МЗТ, односно на пауза се замина со резултат 48:53.

 

 

Новите засилувања на скопскиот клуб Мавра и Павличевиќ се покажаа како полнг погодок, па преку нивната игра гостинскиот состав дојде и до првата довцифрена предност со резултатот 56:68 веќе по почетокот на третата четвртина од средбата.

 

Loading...

 

Сепак и покрај трудот кој го вложуваа кумановци, минатогодишниот шампион го полнеше кошот и во завршниот дел од натрпеварот, односно со резултат 90:106 ја однесоа победа.

– Ние ризикувавме да ги пуштаме во некакви ситуации да шутнат и тие играчи што релативно немаат шут, погодија и тие денес. Одличен шут на Бојан, Мавра, сите погодија по три-четири напади, посебно трета четвртина кога отваравме. На моите момци не можам ништо да им замерам, го носевме натпреварот, беше тука на две топки, три топки до крај, меѓутоа нивниот шут, со таков шут не можеш да добиеш натпревар, немам замерка ниту на нашиот напад, изјави Александар Петровиќ, тренер на КК Куманово.

 

 

Целата прва петорка на КК Куманово мечот го заврши со двоцифрени поени, меѓу нив најдобар беше Караџовски со 24 поени, Јанески со 16, Раме со 13, Штерјов со 12, а Ковач и Караколев запишаа 11 поени.

 

 

Во составот на МЗТ со 27 поени брилираше поранешниот играч на Куманово, Бојан Трајковски, а со 21 Никола Павличевиќ.

– Нападот беше ефикасен, уште првото полувреме се виде дека имаме добар ден од линијата за три поени, го завршивме натпреварот со 45% шут за тројка што е исклучително висок процент. Куманово покажа една добра игра, навистина крајниот резултат можеби не е реален, бидејќи постојано беа во негатива, но на две-три топки до израмнување. Тежок терен, го имавме тој да кажам малер да бидеме првата екипа која гостува по враќањето на Кумани, едно е да се игра пред нив, друго без нив. Нас ни требаше оваа победа многу, ова е терен каде многу малку екипи ќе победуваат, изјави Александар Тодоров, тренер на МЗТ Скопје Аеродром.

 

Loading...

 

Шестото коло од домашниот шампионат Куманово го игра веќе во недела кога на домашен терен го пречекува составот на Фени Индустри.