Денес точно на пладне ќе бидат пуштени во продажба билетите за четвртиот финален натпревар помеѓу КК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром, но наместно 50 денари, сега цената ќе изнесува 100 денари и иститите ќе бидат во ограничен број.
Ве известуваме дека картите за четвртиот финален натпревар помеѓу КК Куманово и Мзт ке бидат пуштени во продажба во петок од 12:00 часот во клубските простории во склоп на спортската сала. Поради безбедносни причини картите ке бидат во помал број и ке се продаваат од страна на агенцијата “Купи карта за се”. Карта ке чини 100 денара – стои во сооштението од управата на КК Куманово.
Инаку ваквата одлука следи откако на минатиот меч кој се одигра на домашен терен беше надминат капацитетот на Спортската сала, што претставуваше проблем и за безбедноста, но и за целосната организација на натпреварот.
Натпреварот ќе започне вечерва во 19 часот, а за сите оние кои нема да присуствуваат, пренос во живо ќе врши Собранискиот канал на МРТ.