КК Куманово полека го формира новиот ростер, Игор Михајловски повторно тренер

Сподели со своите пријатели

Игор Михајловски повторно ќе застане на како прв човек на клупата на Кошаркарскиот клуб Куманово кој деновиве полека го оформува ростерот за претстојната сезона.

 

Loading...
извор: Спортмедиа.мк

Според градоначалникот на Општина Куманово, која инаку е најголемиот спонзор на овој клуб, овогодинешниот буџет е намален за 50% и ќе изнесува некаде околу 6 милиони денари од сезона.

Оваа година го намалуваме буџетот на тимот за 50%. Ќе одиме со многу поскромен ростер на играчи и ќе напарвиме екипа од која не може да очекуваме врвни резултати, финале, но ќе се бори за својот статус и реноме кое го има како град на кошарката. Игор Михајловски е нашиот кошаркар, признато кошаркарско име, од постарите играчи Јанески, Караџовски, Караколев, Тодоровиќ и ќе се зајакнеме со можеби двајца странски играчи за да одржиме реноме на тимот. Не е во можност да имаме ростер како во минатите години, но буџетот ќе биде двојно помал, но очекуваме да направиме добар тим кој ќе има можност да се одржува на нивото на реномето на тимот – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Михајловски пред две сезони го предводеше успешно Куманово, а сега повторно доаѓа на тренерската позиција, откако Марјан Србиновски стана тренер на КК Гостивар.

Освен тоа, тука е и Марјан Јанески кој го обнови својот договор и шеста сезона по ред ќе го носи сино-белиот дрес на Куманово. Изминатата сезона тој стана и капитен на екипата, откако Александар Костоски си замина од клубот.

 

 

Обновени е и договорот со репрезентативецот Димитар Караџовски кој повторно ќе биде главниот адут на играта на кумановци. Караџовски изминатите сезони покажува борбен и професионален карактер во КК Куманово кој секако треба максимално да се почитува.

 

Loading...

 

Штипјанецот Никола Караколев исто така повторно ќе се најде во составот на КК Куманово. Караколев минатата сезона знаеше да брилира на натпреварите и со брзите акции да биде дел од главниот столб на клубот.

 

 

Клубот доби и засилување. Станува збор за Александар Штерјов, кој веќе има настапувано во кумановскиот клуб, а доаѓа откако минатата сезона нижеше добри погодоци во Кожув.

 

 

Обновени договори има и во помладиот состав на екипата, а преговори моментално се водат и со други двајца домашни и двајца странски кошаркари.

Тимот минатата година заврши вна четвратата позиција во домашниот шампионат и освои сребро на Балканската лига.

Loading...