Тренерот на Кошаркарскиот клуб Куманово Игор Михајловски си поднесе оставка пред почетокот на вчерашниот дуел против Струмица.
Како што велат од Управата на клубот, ваквата одлука доаѓа поради лични, односно здравствени причини на Михајловски и оставката била прифатена. Како што ни рече во телефонски разговор претседателот на клубот Виктор Божиновски, позицијата останува слободна и се во активна потрага по нов тренер на кошаркарскиот клуб Куманово.
Во наредните денови ќе се знае и кој ќе седне на клупата, а во меѓувреме, како и на вчерашниот натпревар, на тренерската позиција е помошникот Милош Нинковиќ.