Кошаркарите на Куманово вчеравечер на домашен терен обезбедија пласман во полуфиналето од БИБЛ лигата, откако со резултат 80:76 го совладаа составот на Пеќ од Косово.
Loading...
Мечот со тројка го отвори Живановиќ кој ги донесе првите поени за сино-белиот состав, но подоцна со играта на Весели, гостите направија водство од 11:8. Но веќе по пет минути од првата четвртина домаќините направија солидно водство од 19:11, кое подоцна се зголеми и на 22:12 на крајот на првите 10 минути од средбата, во која избраниците на Марјан Србиновски погодија четири тројки од осум обиди.
Шест од 11 погодени тројки им беа доволни на домаќините да одржуваат резултатска предност поголема од 10 поени, но за разлика од нив во составот на Пеќ беа реализирани само осум погодоци за тројка од вкупно 24 обиди.
Loading...
Пред истекот на последните минути од полувремето составот на Александар Тодоров ја намали разликата од десет поени, пред се благодарение на Весели кој ја постигна четвртата тројка и направи резултат 39:37, со што водството на сино-белите им беше загрозено.
По полувремето двете екипи играа во избалансирана игра, каде кумановци направија само еден поен повеќе од гостите, но сепак доволно со разлика од 8 поени, тимот на Србиновски да влезе во последната четвртина од средбата.
Последните десет минути носеа вистинска неизвесност, откако гостите ја намалија предноста на три поени на четири минути од крајот на средбата кога семафорот покажуваше 67:64. Сепак Данило Мијатовиќ и Миладин Пековиќ, заедно со Димитар Караџовски покажаа како се бори за полуфинален пласман.
Loading...
Брилијантен во составот на Куманово беше Данило Мијатовиќ со дабл-дабл ефект од 31 поен и 11 скокови, а двоцифрени поени впишаа и Радован Пековиќ и Караџовски со по 10 поени. Најдобар во гостинскиот состав со 28 поени беше Албан Весели.
Во секој натпревар за да победите треба доста труд, навистина имавме контрола на резултатот од почетокот на самиот крај, не ја испуштавме, имавме мали падови, но тоа е нормално со една добра екипа како што е Пеќ, честитки до моите играчи, беа на ниво баш како што сакам, го сотавија срцето на паркетот и забележавме победа што за нас е многу важна, директен пласман во полуфинале, што не е мала работа за оваа екипа – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.
Ова беше доста тежок натпревар за нас, затоа што имавме императив на победата, со овој натпревар го решаваме првото место во БИБЛ, сигурно дека влијаеше на нас, игравме сите 40 минути колку тренерот бараше од нас пред натпреварот и во пресоблекувалната на полувреме, важна победа, но сигурно дека можеме многу да поправиме, пред се по Купот каде навистина лошо го одигравме натпреварот и се надевам дека ова ни ја крена самодовербата дека во следниот натпревар ќе биде се подобро и подобро. Минатиот натпревар тие беа ослабнати со двајца играчи, навистина бевме лоши таму, првата четвртина ја игравме соилно, не добија 15 поени разлика, но сигурно дека си имавме во главата дека треба да им вратиме со некоја силна игра и тие одиграа добро сега, но меѓутоа таа победа сигурно е сатисфакција за оној пораз, моеби не е тој резултат, но сега сме први и тоа е најважно – изјави Миладин Пековиќ, кошаркар на КК Куманово.
За кошаркарите на Куманово останува само уште еден меч до почетокот на полуфиналните натпреварувања во БИБЛ лигата кој треба да го одиграат за една недела на домашен терен против составот на Карпош Соколи, но со оглед дека на вчерашниот меч Соколи го напуштиле теренот со обвинувања за местенки, неизвесно е дали мечот воопшто ќе се одигра. Доколку не се одигра, тие остануваат на дното од табелата во Д групата, а Куманово ќе добие нови два поени од службена победа.
Loading...