КК Куманово и Работнички ќе ги одмеруваат силите во првенството

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово стартот на домашното кошаркарско првенство ќе го започнат со КК Работнички, откако денеска ждребката на МКФ ги извлече токму овие два клуб.

Во првиот дел од сезоната 2016/207 во Првата лига кој стартува на 22 10.2016 година  ќе играат екипите на Куманово, Фени Индустри, Работнички, Кожув, Струмица, АВ Охрид, Пелистер и Вардар. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром и екипата на Карпош Соколи, кои настапуваат во две меѓународни натпреварувања (АБА  , Еврокупот и БИБЛ) во домашното првенство ќе се приклучат во Супер лигата во која ќе играат и четирите најдобро пласирани по воведните 14 коло во Првата лига.

ПРВА ЛИГА МАЖИ
ДВОЈКИ, 1 КОЛО:
Струмица – Вардар
АВ Охрид – Пелистер
Работнички – Куманово
Кожув – Фени Индустри