Попладнево со почеток во 18 часот кошаркарите на Куманово го играат 8то коло од домашна Супер лига каде за противник го имаат составот на Карпош Соколи.
Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Борис Трајковски“, а победата за Куманово би била од големо значење за зголемување на шансите за игра во плеј-оф завршницата од сезоната, во спротивно сите шанси минатогодишниот шампион може да ги изгуби.
До крајот на овој дел од сезоната има уштре два натпревари и тоа на домашен терен против Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром, по што започнува битката за шампионската титула.