Кошаркарите на Куманово вечерва во рамките на БИБЛ лигата на гостински терен забележаа пораз од екипата на Пеќ од Косово со резултат 85:68.
Кумановци солидно ја започнаа првата четвртина од натпреварот кога направија предност од 19:15 пред домаќините од Косово, но сепак вторите десет минути од средбата беа во целосна доминација на кошаркарите на Пеќ кои реализираа 28 поени, наспорти 17те на сино-белите. Најзаслужен за таквиот скор беше американецот Рандлс кој во втората четвртина направи 19 поени. Иако Димитар Караџовски даде максимален напор да ја намали разликата на 36:13 сепак, кошаркарите на Пеќ повторно во офанзива дојдоа до 43:36 на полувреме.
Дополнително опадна концетрацијата на избраниците на Србиновски по кратката пауза, па во третата четвртина не можеа да ја достигнат предноста на домаќинот. Во претпоследниот дел од мечот кошаркарите на Пеќ дадоа осум поени повеќе од гостинските играчи, што дополнително го зголеми нивното водство од 68:43 пред влезот во последните 10 минути од средбата.
Во последниот период со серија 6-2 играчите на Србиновски се обидоа да се доближат да ја намалат резултатската предност, но сепак безуспешно бидејќи натпреварот заврши со победа за Пеќ од 17 поени разлика, односно конечен резултат 85:68.
Кумановци имаа и 14 загубени топки, а во комбинација со лош шут за три поени односно само две тројки од 11 обиди беше јасно дека дома ќе се вратат со прв пораз од клучната фаза од натпреварувањата во БИБЛ лигата.
Најефикасен во дресот на Куманово беше американскиот плејмејкер Јонел Браун кој реализираше 19 поени, а веднаш зад него Данило Мијатовиќ со 16 и Димитар Караџовски со 10 поени. Во гостинскиот состав со 25 поени триумфираше Рандлс, а со три поени помалку Весели.
Уште два натпревари остануваат до крајот на овој дел од Балканската лига, а избраниците на Марјан Србиновски имаат три победи и еден пораз, косовскиот и црногорскиот тим имаат ефект од 2-2, а на дното од табелата во Д групата со три порази и една победа останува составот на Карпош Соколи.
Следните два меча кумановци ги играат дома против составот на Пеќ на 22ри месецов, а подоцна и против составот на Карпош Соколи. Уште само една победа ги дели сино-белите од сигурниот пласман во полуфиналето од плејо-офот во БИБЛ лигата.