Во врска со претстојното првенство во првата кошаркарска лига на Македонија ,управата на Кошаркарскиот клуб Куманово испрати соопштение кое го пренесуваме интегрално:
На денешната седница на дневен ред ќе биде одлуката на управниот одбор на кошаркарскиот клуб Куманово 2009 за учество во претстојното првенство.
Поради ригидното однесување на претседателот и управниот одбор на МКФ, со чудни и парадоксални одлуки и држење во заложништво на целата македонска кошарка и отпочнување на првенството кое доцни скоро два месеци, а клубовите направија енормно високи трошоци, без одигрување на ниту еден натпревар, ние го испитуваме нашето учество во натпреварите во прва лига.
Поради целата лакрдија, дрскост, непринципиелност и одлуки што немаат ништо заедничко со спортот, туку исклучиво со финансиските интереси на раководството на МКФ,упатуваме апел до сите релевантни фактори во Република Македонија и спортските клубови и здуженија што поскоро да се справат со спортскиот хаос што се случува во кошарката – стои во соопштението од Управата на КК Куманово.
Ваквата одлука инаку ја поддржа и првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.