Кошаркарите на Куманово го освоија Работнички со 82-81 во рамките на пријателскиот натпревар кој вчера се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
Иако минимална, скоро во целиот меч, избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски имаа предност.
На полувреме се замина со водство на Куманово со резултат 38:34, за да во последните десет минути на паркетот Работнички намали на негатива од еден поен, односно резултат 58:57.
Во последниот напад кумановци забележаа погодок што им донесе победа.
Најефикасни во редовите на Куманово со 22 поени беше Келеб Џозеф, додека со 19 мечот го заврши Ѓорѓе Каплановиќ. Кај Работнички 28 поени постигна Полп, а 20 Марковски.
Ова беше пријателски натпревар пред официјалниот почеток на новата сезона, која за Куманово стартува со натпервар во ФИБА Еврокупот. Мечот ќе се играво Холандија, а против составот на Свонс Гмунден од Австрија.
Никола Ивановски