Кошаркарите на Куманово денеска со почеток во 17:30 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Пелистер од Битола, во рамките на 17 коло од домашниот шампионат.
До почетокот на Суперлигата остануваат уште само неколку кола кои се клучни за Куманово и од чиј исход ќе зависи дали сино-белите ќе успеат и годинава да се пласираат во кругот на најдобрите.
Во денешниот меч влегуваат како фаворити, а дополнителна предност им е и домашниот терен.
Од досега одиграните натпревари избраниците на тренерот Александар Петровиќ имаат седум победи и осум порази, што ги сместува на 7. позиција во табелата. Пелистер е едно место подолу со реализирани три победи.
Натпреварот Куманово – Пелистер ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.