Фени Индустри ќе биде домаќинот на завршниот меч од јубилејното 20 коло кој ќе го одигра со кошаркарите на Куманово денеска во 18 часот.
Loading...
По болниот пораз од МЗТ Скопје Аеродром од минатиот викенд, кошарарите на тренерот Александар Петровиќ се исправени пред најголемиот предизвик, затоа што од денешниот натпрвар зависи дали ќе останат на седмата позиција или ќе се борат за пласман меѓу првите шест кои ќе се натпреваруваат во завршниот дел од домашниот шампионат.
Куманово од досега одиграни 17 натпревари бележи 8 победи и 9 порази.