2016-11-19

Поради ненавремено одпочнување на лигата, исклучиво по вина на раководството на МКФ, КК Куманово претрпе и сè уште трпи огромни финансиски штети по основ губење на два клучни финансиски спонзора, како и казнени пенали за нереализирани маркетинг обврски кон редовните спонзори.
За сите претрпени штети клубот покрена судска постапка против МКФ, за надомест на претрпена штета во износ од 40 илјади евра.
Сепак клучна определба на КК Куманово е да игра кошарка и тоа што поскоро. Како знак на наша добра волја, уплативме котизација во износ од 5000 евра,како и лиценца за странски играчи во износ од 1250 евра.
Поради сето оваа, прифаќаме да отпочнеме да играме кошарка веднаш, а во интерес на спортот меѓусебните должничко-доверителски односи ги решаваме тековно, заклучно до престојното изборно собрание – стои во соопштението од Управата на КК Куманово
Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.