Ќерката ѝ подари на мајка си чевли за нејзиниот роденден, и беше многу изненадена од нејзината реакција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Eдна тиктокерика одлучи да ја почести својата мајка со скапи дизајнерски чевли за нејзиниот 50 -ти роденден.

Loading...

Таа ги спакува чевлите во неколку кутии и го направи отворањето на подарокот поинтересно и одлучи да ја сними реакцијата на нејзината мајка на подарокот што го купи. Сепак, снимката стана вирална поради сосема неочекувана реакција од мајката.

„О, Боже! Ти ми купи толку многу, јас сум навистина благословена”, вели мајката додека го отвора последниот подарок. Возбудена е и тензијата расте додека се приближува до последната кутија. Кога го гледа името на славниот дизајнер напишано на неа, со нетрпение ја отвора кутијата, а потоа расположението нагло се менува.

„Не“, вели тaa додека го гледа чевелот.

„Дали ви се допаѓаат? – праша една од ќерките.

„Не, добри се, но не се за мене, извинете“, вели мајката во снимката што е прегледана повеќе од 5,8 милиони пати.

Иако изненадувањето не ја воодушеви мајката, луѓето беа воодушевени од нејзината искреност.

“Би лажела, но ја ценам нејзината искреност”, “Мајка ти е инспирација! Сите треба да бидеме поискрени”, “Сакам да бидам дел од вашето семејство”, се некои од коментарите.

Loading...

 

@cairoaibangbee😂😭 @netaporter #christianlouboutin #netaporter #surprise #xy #50 #mum #JDVaporMaxShuffle #UnfoldChallenge #fyp #fyo #lockdownbirthday #weekend♬ original sound – Cairo Aibangbee