Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“

Сподели со своите пријатели

Дали Молдавија ќе биде вклучена во руската војна во Украина?

Loading...

Ова е прашање кое се поставува уште од почетокот на руската инвазија на Украина.

Многу аналитичари тогаш изјавија дека Украина е само почеток, особено затоа што се сметаше дека Украина нема големи шанси против втората по големина воена сила во светот.

Се зборуваше за Молдавија, Грузија, балтичките земји… Малку се зборува за сите тие земји, освен Молдавија.

Молдавија е сè уште актуелна пред се затоа што се занимава со сепаратистичко востание на истокот на земјата, поточно во Придњестровје, кое е поддржано од Москва.

Серија експлозии

Уште во март, хрватскиот амбасадор во ОН, Иван Симоновиќ, рече дека Молдавија би можела да биде следната цел на Русија.

„Насоката на рускиот напад во нејзиното јужно крило, кое сега се движи кон Николаев и Одеса, е можна и кон Придњестровје, всушност окупираните територии на Молдавија под контрола на проруските сили .

Loading...

Секако дека и Молдавија не спие мирно“, заклучи Симоновиќ.

Се испостави дека тие зборови биле пророчки затоа што неодамна со експлозии удрија во владините згради во Придњестровје, но никој не ја презел одговорноста.

Нападнато е и селото Чобасна каде се наоѓа најголемото складиште за муниција во Источна Европа.

Регионалното Министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на ноќта над селото прелетале неколку дронови и дека биле лансирани од Украина.

Русија има контингент од околу 1.500 војници во Придњестровје, каде складира тони муниција, која била складирана таму пред распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.