Ќе се зголеми субвенцијата за приклучок на гас за физичките лица од наредната година, донесеоа одлука советниците на вчерашната седница.
Надлежните од јавното претпријатие „Куманово- Гас“ информираа дека приклуокот од досегашните 10.000 се зголемува на 15.000 денари.
– Се надеваме дека ќе има поголем интерес за приклучок на мрежата од страна на физичките лица. На овој начин придонесуваме за заштита на животната средина- изјави директорот на „Куманово-Гас“, Никола Денковски.
Во изминативе месеци, соопштија од претпријатието, интензивно се работи на приклучување на корисниците на природен гас на изграденаta дистрибутивна гасоводна мрежа vo Куманово, na индивидуални станбени единици – куќи и во колективни станбени згради.
Во тек е изградба на секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 1,2 километри на улиците „11 Ноември“ и „Сава Ковачевиќ“ во близина на болницата. Жителите, нo и правните субјекти лоцирани на ова подрачје наскоро ќе можат да се приклучат на гас